🎥 СИТЕ СЕ ТУРКАА И СЕ ГАЗЕА КАКО ЛУДИ, БЕВМЕ ВО ПОДРУМ, СКРШИВМЕ ПРОЗОРЕЦ ЗА ДА ИЗБЕГАМЕ Гостите сведочат дека за неколку секунди целиот ноќен клуб бил во пламен

Сите се туркаа и се газеа како луди, вели преживеаната 17-годишна Летиција. Таа раскажува дека се нашла под три или четири лица кои гореле, со мртви луѓе насекаде околу.

124

Ноќ на ужасот во Швајцарија. Пожарот во „Le Constellation“, бар во елитното швајцарско одморалиште Кран-Монтана, остави околу 40 мртви и приближно 115 повредени, според последните податоци објавени од властите во четвртокот, 1 јануари 2026 година. За претседателот на Швајцарската конфедерација, Ги Пармелин, тоа е „една од најтешките трагедии“ што земјата некогаш ги доживеала. „Трагедија од невидени и застрашувачки размери“, рече тој.

Иако истрагата сè уште е во тек за да се утврдат точните причини за несреќата, изјавите на сведоците и првичните наоди од истрагата помагаат да се реконструира текот на трагедијата, пренесува телевизијата БФМ.






Почнавме да трчаме, не можевме да дишеме

Стотици луѓе, главно млади, ја славеле Новата година околу час и половина кога сведок забележал чад и ја контактирал полицијата, според Фредерик Гислер, командант на локалната полиција.

Според неколку лица присутни во моментот на трагедијата, прскалки прикачени на шишиња кои ги држело лице качено на раменици на друг човек можеби го предизвикале пожарот. Фотографија направена од преживеан, до која подоцна дојде БФМТВ, ја прикажува оваа сцена, иако не може со сигурност да се каже дека тоа бил моментот што ја предизвикал катастрофата. Од своја страна, јавниот обвинител на кантонот Вале, Беатрис Пилу, објаснува дека „главната теорија е онаа за општ пожар кој предизвикал експлозија“.

Црвениот аларм бил активиран помалку од една минута по повикот во полиција. „Првите полициски патроли пристигнаа на местото на настанот, а многу брзо беа засилени со голем број единици“, вели Фредерик Гислер.

Внатре веќе владеел хаос, бидејќи пожарот предизвикал експлозија.

– Почнавме да трчаме. Огнот се ширеше многу, многу брзо и чадот ни ги гризеше очите. Не можевме да дишеме – опишува Летиција, 17-годишна преживеана.

Двајца други гости во барот, Аксел и Нејтан, се сеќаваат на „хаосот“ што владеел таму.

– Бевме во подрум, се обидувавме да излеземе. Морав да соборам маса и се сокрив зад неа за да не изгорам. Луѓето се обидуваа да излезат – изјавија тие за БФМТВ, опишувајќи го својот „инстинкт за преживување“.

– Успеав да го скршам прозорецот со удар, тој падна и потоа излеговме – продолжија Аксел и Нејтан.

„Тешко е да се остане рамнодушен“

Брзото ширење на пламенот предизвикало паника кај гостите во барот што го голтал огнот.

– Сите се туркаа и се газеа како луди – вели Летиција. Таа раскажува дека „се нашла под три или четири лица кои гореле“, со „мртви луѓе насекаде околу нас“.

– Ги кренав рацете, врескав, едно момче што не го познавав ме извлече и успеав да излезам благодарение на него – вели таа.
Чувството на паника го споделија и Ема и Албане, кои биле внатре во објектот.

– За неколку секунди, целиот ноќен клуб беше во пламен. Сите истрчавме надвор врескајќи и трчајќи – раскажуваат тие, опишувајќи „застрашувачко стампедо“. Адриен, кој бил сведок на пожарот од надвор, го потврди ова чувство.

– Видовме луѓе како истрчуваат во хаотичен неред, кршејќи прозорци, мажи во болки и жени со изгорена облека, плачејќи, врескајќи, луѓе кои не знаеја дали нивните најмили се внатре – опиша тој.

Алекс, кој исто така бил надвор од „Le Constellation“, рече дека видел наплив на луѓе како брзаат надвор со многу викање. Тој ја опиша сцената како „шокантна“ и дека е „прилично тешко да се остане рамнодушен“.

Не знаат каде им се пријателите

Исказите на преживеаните опишуваат тесни скали што воделе надвор од „Constellation“. Обвинителката Беатрис Пилу ги ублажи овие тврдења, велејќи: „Истрагата ќе утврди дали биле исполнети безбедносните стандарди“.

Пожарот бил „брзо локализиран“, според локалните власти, и „воспоставени се разни засолништа за повредените и семејствата на жртвите“.

Неколку часа по трагедијата, многумина сè уште немаат вести за своите пријатели со кои славеле. Лаетитија не знае што се случило со шест нејзини пријатели кои се водат како исчезнати.

– Некои се повредени, некои ги нема. Не знаеме каде се нашите пријатели – изјавија и Аксел и Нејтан.

Според новиот извештај од француското Министерство за надворешни работи, осум француски државјани сè уште не се лоцирани.

Швајцарските власти отворија телефонска линија за помош за да им овозможат на роднините на жртвите да добијат информации. Поради големиот број повредени, околу 115, болницата во Вале се соочува со екстремен притисок, според Матијас Рејнард, претседател на Државниот совет на Вале. Поради ова, некои повредени лица се префрлени во Франција, Италија и во Германија.

Поврзани содржини