СИТЕ СЕ СРАМАТ ОД ЗАТВОРОТ ВО ГВАНТАНАМО Злогласното мачилиште сè уште е отворено за „непријателите“ на мирот

Актуелниот претседател на САД, Џо Бајден, во предизборната кампања вети дека ќе го затвори затворот. Но, неговите напори засега се неуспешни.

411

Кога пред 20 години, во утринските часови на 11 јануари во 2002 година, во импровизираниот затвор во базата на американската морнарица во Заливот Гвантанамо на Куба почнаа да пристигнуваат првите притвореници, многумина тогаш помислија дека се работи за привремено решение на администрацијата на претседателот Џорџ Буш.

Сепак, 20 години подоцна во злогласниот затвор сè уште има притвореници, кои без судење и без покренати обвиненија на неодредено време робуваат во затворот во базата. Независни истражители и новинари во годините што изминаа, утврдија дека врз притворените луѓе во затворот се извршени злодела, односно дека во процесот на испрашување многумина од нив биле ѕверски измачувани. Мал број од законите на САД предвидуваат јурисдикција на територијата на која се наоѓа затворот, која е изградена на де факто непријателска територија. Па за обвинителите беше неверојатно тешко да поднесат обвинение пред надлежниот суд.






Конечно, апелите на здруженијата за почитување на човековите права, успеаја во настојувањата да се задоволи правдата, па беа покренати истраги против 18 лица, а досега се поднесени 2 обвинителни акта. Многумина ќе се сложат со констатацијата дека тоа е премногу мала бројка, за да жртвите на системското мачење во затворот добијат чувство на прада.

Актуелниот претседател на САД, Џо Бајден, во предизборната кампања вети дека ќе го затвори затворот. Но, неговите напори засега се неуспешни. Во Гвантанамо Беј во моментов има притворено 39 лица, а администрацијата на Бајден засега не успева да ги убеди земјите од каде луѓето потекнуваат, да бидат преземени.

Мошне амбициозни планови за затворање на злогласниот затвор имаше и поранешниот претседател Барак Обама, но ниту тогаш не створија услови за релокација на затворите. Според актуелните закони на САД, лицата кои се притворени во Гвантанамо Беј не можат да бидат екстрадирани на американска почва.

Поврзани содржини