„СИТЕ СЕ МНОГУ ЗАДОВОЛНИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ГРЕНЛАНД, ЌЕ ТРАЕ ЗАСЕКОГАШ“ Трамп оптимист, но не открива детали

„Тоа е договор што ни дава сè што ни е потребно“, изјави Трамп пред новинарите, нагласувајќи дека договорот е клучен за безбедноста, минералите и други стратешки прашања. На прашањето колку ќе трае, одговори дека „нема рок“ и дека ќе трае „засекогаш“.

1

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека предложениот договор за Гренланд е „договор со кој сите се многу задоволни“ и дека станува збор за долгорочен аранжман без временско ограничување.

„Тоа е договор што ни дава сè што ни е потребно“, изјави Трамп пред новинарите, нагласувајќи дека договорот е клучен за безбедноста, минералите и други стратешки прашања. На прашањето колку ќе трае, одговори дека „нема рок“ и дека ќе трае „засекогаш“.






Трамп посочи дека за предлогот разговарал и со европски лидери, но дека сè уште ништо не е официјално потпишано.

Запрашан што конкретно опфаќа договорот, американскиот претседател рече дека станува збор за „комплексна“ тема и дека деталите ќе бидат објаснети подоцна.

Тој додаде дека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, со кого разговарал непосредно пред објавата, веќе воспоставил контакти со Данска и со други членки на Алијансата за да се разгледа предлогот.

Трамп не прецизираше дали ретките земни метали ќе бидат дел од договорот, но нагласи дека соработката со НАТО и Данска ќе биде негов составен дел.

Поврзани содржини