СИТЕ РЕАГЕНСИ ВО ИЈЗ СЕ ИСПРАВНИ, НО КОЈ ГИ ИСКЛУЧИЛ ФРИЖИДЕРИТЕ? Направени се микробиолошки анализи, резултатите се добри

146

Раководството на Институтот за јавно здравје ИЈЗ ќе ги имплементира сите работни процедури во насока на подобрување на безбедноста како и унапредување на квалитетот на услугите кои ги дава ИЈЗ, се вели во соопштението од оваа институција, откако деновиве таму се случи инцидент, односно беше навремено забележано дека некој ги исклучил фрижидерите во кои се чувале реагенсите.

„На ден 31.07.2024 година, беше востановено дека комора и фрижидер на одделението бактериологија во ИЈЗ беа оставени без електрично напојување поради исклучен осигурувач. После реакцијата истите да се стават во употреба, веднаш е направен увид на подлогите за работа, реагенсите и антибиотиците за антибиограм, од комората и фрижидерот кои беа исклучени од електрично напојување. На ден 01.08.2024 беа направени сите неопходни микробиолошки анализи за проверка на квалитетот и исправноста на истите, а за добивање на резултат беа потребни 24 часа. На ден 02.08.2024, прочитани се добиените резултати и согласно истите се установи дека молекуларните тестови за детекција на голема кашлица, како и подлогите за култивација на бактерии, антибиотиците за изготвување на антибиограми и сите реагенси кои се наоѓаа во исклучените фрижидери, се функционални и може да се продолжи со нормално функционирање на одделението за бактериологија. Воедно преземени се дополнителни мерки за унапредување на биолошката сигурност“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини