СИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ГРУПИ СЕ СОГЛАСИЈА СОБРАНИЕТО ДА НЕ РАБОТИ И ОВАА НЕДЕЛА Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ подготвуваат закони што ќе се разгледуваат од понеделник

Имајќи ги во предвид чувствата на сите граѓани по трагедијата во Кочани, изразувајќи почит кон сите загинати и надеж дека повредените ќе се вратат во добра здравствена состојба што поскоро, Собранието консензуално, поддржано од сите пратенички групи, се одлучи да ги откаже сите активности планирани за оваа работна седмица, соопштија патениците од ВМРО-ДПМНЕ.

192

Собранието и во втората недела по трагичниот пожар во Кочани нема да работи, што предизвика реакции кај граѓаните дека пратениците ги напуштија во тешките моменти. Пратениците не работеа минатата седмица, откако Владата прогласи 7-дневна жалост по трагедијата во која загинаа 59 лица, а околу 200 се повредени.

По реакциите, се огласи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, која соопшти дека одлуката да се паузира и оваа недела е донесена вчера со консензус на сите пратенички групи.






„Имајќи ги во предвид чувствата на сите граѓани по трагедијата во Кочани, изразувајќи почит кон сите загинати и надеж дека повредените ќе се вратат во добра здравствена состојба што поскоро, Собранието консензуално, поддржано од сите пратенички групи, се одлучи да ги откаже сите активности планирани за оваа работна седмица. Сакаме да ја известиме македонската јавност дека пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија”, а веруваме и останатите пратеници секојдневно си ги извршуваат своите работни обврски“, соопшти пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Објаснуваат дека одлуката за пауза се однесува на одржување на пленарните и на седниците на работните тела и додаваат дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ работат на подготовки на  законски решенија кои ќе се разгледуваат на идните седници од понеделник.

„Дополнително, во сите општините од каде што има жртви и повредени од немилиот настан во Кочани, нашите пратеници се присутни во пратеничките канцеларии и обавуваат средби со граѓаните, излегувајќи во пресрет на сите проблеми со кои се соочуваат“.


Поради трагедијата со пожарот во Кочани вчера Собранието ги откажа сите активности планирани и за оваа работна седмица, во која, меѓу другото, требаше да се одржи седница за пратенички праања, како и редовен месечен брифинг на новинарите со претседателот Африм Гаши.

„Присутните на координацијата консензуално се согласија дека имајќи ги во предвид чувствата на сите граѓани по трагедијата во Кочани, изразувајќи почит кон сите загинати и надеж дека повредените ќе се вратат во добра здравствена состојба што поскоро, Собранието да ги откаже сите активности планирани за оваа работна седмица, вклучително и брифинг со новинари“, сооппто Собранието.

На координацијата присуствувале претседателот Гаши, потпретседателката Весна Бендевска и координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Вреди, ЗНАМ и Левица, како и претставник од Владата и генералната секретарка на Собранието. Според соопштеното, координаторот на ДУИ не присуствувал на координацијата.

Пратеникот Миле Лефков на фејсбук ја објави локацијата кадешто се наожа пратеничката канцеларија во Кочани.

„Поддршка и конкретни чекори за подобра иднина на Кочани. Канцеларија за средби со граѓаните во Кочани е отворена секој ден од 10 до 15 часот, каде што сите ќе можат да ги споделат своите мисли, предлози и грижи. Нашата цел е да слушнеме, да помогнеме и заеднички да работиме на решенија што ќе обезбедат безбедност, поддршка и подобри услови за сите.
Секој ваш збор е важен – ве повикувам да дојдете, да зборуваме отворено и да направиме промени заедно“, повика пратеникот Лефков.

Поврзани содржини