СИТЕ ПОГЛЕДИ НАСОЧЕНИ КОН ТОРИНО Започна финалето на Евросонг (ВО ЖИВО)

Од организацијата ветуваат забавна и возбудлива вечер, а на котирањата во обложувалниците на песните учеснички изминативе два дена им се случија промени. Украина уште од самиот почеток е на врвот на листите како можен победник, зад неа следува Обединетото Кралство, Шведска, Италија, Шпанија.

143

По двете полуфинални вечери, вечерва од 21 часот започна финалето на Евровизија 2022 година.

Од организацијата ветуваат забавна и возбудлива вечер, а на котирањата во обложувалниците на песните учеснички изминативе два дена им се случија промени. Украина уште од самиот почеток е на врвот на листите како можен победник, зад неа следува Обединетото Кралство, Шведска, Италија, Шпанија.






Пласман во финалето од втората полуфинална вечер обезбедија Србија, Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска и Романија, а од првата полуфинална вечер- Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија. Директен пласман во финалето покрај домаќинот Италија имаат Франција, Германија, Шпанија и Велика Британија.

Поврзани содржини