📽️ СИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ДАМАСК Сиријците се враќаат дома

981

Снимки од дрон покажуваат дека вечерва, на патиштата што водат кон Дамаск, како и во спротивна насока, се формирале долги колони возила.

Ова се случува откако сириската престолнина беше ослободена од режимските сили.






Сиријците кои со години го чекаа падот на режимот на Башар ал Асад се упатија кон главниот град, кој беше ослободен од сириските опозициски борци.

По ослободувањето на Дамаск и другите сириски градови, многу Сиријци се враќаат во својата татковина од соседен Либан.

Поврзани содржини