Сите партии се плашат од независните листи
Спротивно на препораките на ОДИХР, се прават измени во Изборникот законик на помалку од 6 месеци од изборите. За незваисна листа за Град Скопје, на пример, потребни ќе бидат над 8.000 потписи.
„Премирот потврди дека прагот за поднесување на независните листи е 2 отсто од вкупниот број избирачи.“
Интересно, помалите политички партии беа ревносни да се тргне предлогот за праг од 3 % за листите, но никој не се буни дека има делумно суспендирање на демократијата со оваа измена и воведување праг од 2 % за кандидирање независни листи.
Прво, спротивно на препораките на ОДИХР, се прават измени во Изборникот законик на помалку од 6 месеци од изборите.
Понатаму, за листа за Град Скопје, на пример, потребни ќе бидат над 8.000 потписи. За основање политичка партија се потребни 1.000 потписи. Со овој предлог, ако успеам да соберам 8.000 потписи, јас речиси сигурно имам двајца советници, можам да формирам ОСУМ политички партии и да поднесам по осум листи во СЕКОЈА општина.
Нелогично, нели?
Но, добро е да се види од што се плашат (очигледно СИТЕ) политичките партии во Македонија.
(ФБ статус на авторот)