СИТЕ ОТПУШТААТ, А ТУТУНСКАТА ИНДУСТРИЈА ВРАБОТУВА Годишен пад од 2,8% на бројот на работници во индустријата

Во септември е забележан годишен раст на вработените во индустријата за производство на тутунски производи од 22,5%, потоа во индустријата за производство на машини и уреди,неспомeнати на друго место за 7,2%  и индустријата  за производство на производи од гума и производи од пластични маси од 5,3%.

588
Годишен пад од 2,8% на бројот на работниците во индустријата е забележан во септември. Кумулативно бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на истиот период лани е намалена за 3,7 %, соопшти Државниот завод за статистика.

За една година бројот на работници во секторот „рударство и вадење на камен е намален за 2%, во преработувачката индустрија за 2,9%, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 0,6%.

Податоците покажуваат, дека во индустриите каде што статистичките податоци покажаа дека се намалило производството намален е и бројот на работници и спротивно во индустриите кои покажаа зголемување на производството бележат и пораст на бројот на работници.Така, во септември е забележан годишен раст на вработените во индустријата за производство на тутунски производи од 22,5%, потоа во индустријата за производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место за 7, 2%  и индустријата  за производство на производи од гума и производи од пластични маси од 5,3%.

Најголемо намалување на бројот на работници има во индустријата производство на кожа и слични производи од 10,4%, потоа во индустријата за производство на моторни возила, приколки и полуприколки за 8,1% како и во индустријата за производство на облека од 7,4%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, се намалил во групите Енергија за 1,8%, Капитални производи за  6,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,8%, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 4,8% и Интермедијарни  производи, освен енергија за 0,2%.

. Индекси на бројот на работниците во индустријата септември 2025 година, (2024 = 100)
IX 2025
IX 2024
I-IX 2025
I-IX 2024
IX 2025
Ø2024
IX 2025
Ø2021
Вкупно 97.2 96.3 95.9 96.3
АЕ Енергија 98.2 97.5 97.4 91.3
АИ Интермедијарни производи, освен енергија 100.2 99.9 99.4 90.7
ББ Капитални производи 93.6 92.4 92.8 123.5
ЦД Трајни производи за широка потрошувачка 104.8 112.1 110.2 123.4
ЦН Нетрајни производи за широка потрошувачка 97.2 95.4 94.5 82.9
Б Рударство и вадење на камен 98.0 97.8 96.7 96.3
    05 Вадење на јаглен и лигнит 95.9 95.4 94.5 93.9
    07 Вадење на руди на метал 99.2 99.3 97.9 100.9
    08 Вадење на други руди и камен 100.4 101.2 99.7 90.3
В Преработувачка индустрија 97.1 96.1 95.7 96.4
    10 Производство на прехранбени производи 99.8 98.9 99.0 90.8
    11 Производство на пијалаци 104.7 104.2 105.4 117.1
    12 Производство на тутунски производи 122.5 107.4 87.8 79.4
    13 Производство на текстил 97.4 94.7 95.7 92.6
    14 Производство на облека 92.6 90.6 89.4 67.6
    15 Производство на кожа и слични производи од кожа 89.6 86.4 85.6 65.7
    16 Преработка на дрво и производи од
дрво и плута, освен мебел, производство
на предмети од слама и плетарски
материјал
95.7 99.2 94.8 73.8
    17 Производство на хартија и производи од
хартија
97.7 98.9 97.8 86.5
    18 Печатење и продукција на снимени
медиуми (записи)
93.5 94.4 94.2 84.6
    20 Производство на хемикалии и хемиски
производи
102.8 102.9 102.5 112.4
    21 Производство на основни фармацевтски
производи и фармацевтски препарати
102.1 104.9 104.0 124.2
    22 Производство на производи од гума и
производи од пластични маси
105.3 104.0 104.3 94.2
    23 Производство на други неметални
минерални производи
100.2 99.2 99.2 87.4
    24 Производство на метали 102.5 100.7 101.9 88.8
    25 Производство на фабрикувани метални
производи, освен машини и опрема
99.8 98.1 98.5 81.5
    26 Производство на компјутерски,
електронски и оптички производи
102.4 101.9 105.2 109.2
    27 Производство на електрична опрема 101.0 103.2 102.1 100.3
    28 Производство на машини и уреди,
неспомeнати на друго место
107.2 117.3 114.3 134.5
    29 Производство на моторни возила,
приколки и полуприколки
91.9 89.9 90.4 125.8
    30 Производство на останата опрема за
транспорт
100.0 100.0 100.0 92.7
    31 Производство на мебел 96.2 98.4 96.0 86.7
    32 Останата производствена индустрија 100.6 100.6 100.5 89.2
    33 Поправка и инсталирање на машини и опрема 100.0 100.0 100.0 109.1
Г Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација
99.4 98.6 98.9 94.4
    35 Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација
99.4 98.6 98.9 94.4

Извор: ДЗС

Поврзани содржини