📷 СИТЕ ОЧИ ВПЕРЕНИ ВО НЕА Анџелина Џоли пристигна во Венеција во чизми и мантил среде лето
Холивудската актерка Анџелина Џоли вчера ги привлече сите погледи на аеродромот во Венеција.
Холивудската актерка Анџелина Џоли вчера ги привлече сите погледи на аеродромот во Венеција.
Анџелина дојде во Италија по повод Филмскиот фестивал во Венеција, кој годинава се одржува од 28 август до 7 септември.
Џоли пристигна во беж тренч мантил и црни чизми, а на лицето носеше големи очила за сонце. Ако им се верува на фотографиите, се чини дека била расположена. Во еден момент таа им мавна на фотографите.
Иако изгледаше шик, многумина беа зачудени дека облекла тешки висоски чизми на августовската горештина.
View this post on Instagram
Познатата актерка на 81-то издание на фестивалот дојде го промовира филмот „Марија“, во кој ја толкува главната улога на оперската пејачка Марија Калас. На фестивалот треба да пристигне и нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит, кој доаѓа за филмот „Волци“ во кој глуми со Џорџ Клуни.
Освен на суд, Анџелина и Бред долго време немаат блиска средба лично. Поранешниот пар последен пат се појави заедно на овој фестивал во 2007 година, кога Анџелина прошета на црвениот тепих како придружба на Бред пред премиерата на вестернот „Убиството на Џеси Џејмс“.
Сепак, прашање е дали ќе се сретнат годинава. Странските медиуми пишуваат дека организаторите одлучиле нивните филмови да се прикажуваат со разлика од неколку дена.