СИТЕ ОЧИ СЕ ВПЕРЕНИ КОН КИНА На инвеститорите веќе не им е гајле за резервите на нафта на Блискиот Исток

Пазарот е загрижен за побарувачката од Кина, која е најголемиот увозник на нафта во светот, но ја намали загриженоста за можните прекини во снабдувањето со нафта од Блискиот Исток.

2,640

Цените на нафтата ја започнаа новата трговска недела со благ пораст, откако нагло паднаа минатата недела поради неизвесноста околу побарувачката во Кина и намалувањето на загриженоста за залихите на Блискиот Исток.

Нафтата  ВТИ за испорака во ноември се тргуваше за 69,54 долари за барел,  што е за 32 центи повеќе од затворањето во петокот.






Северноморската нафта Брент за испорака во декември поскапи за 27 центи на 73,33 долари.

Минатата недела цената на нафтата падна за околу 7%.

Пазарот е загрижен за побарувачката од Кина, која е најголемиот увозник на нафта во светот, но ја намали загриженоста за можните прекини во снабдувањето со нафта од Блискиот Исток.

Кинеската економија во третиот квартал порасна со најбавно темпо од почетокот на 2023 година,, иако септемвриската потрошувачка и растот на индустриското производство ги надминаа проценките. Во исто време, рафинериското производство во Кина падна шести месец по ред бидејќи малите маржи на рафинериите и слабата потрошувачка на гориво ја ограничија преработката.

Во меѓувреме, кинеската централна банка започна две шеми за финансирање кои првично ќе инјектираат 800 милијарди јуани (112,38 милијарди долари) на пазарите на акции преку новосоздадените алатки за монетарната политика за да поттикнат побрз економски раст.

– Кинеските податоци покажуваат привремени знаци на подобрување, но неодамнешните брифинзи за дополнителниот економски стимул ги изненадија учесниците на пазарот – изјави Риши Раџанала, соработник во Aegis Hedging.

Поврзани содржини