📽️ СИТЕ НЕОДГОВОРЕНИ ПРАШАЊА ГИ ИМА ВО ОВАА МЕЛОДИЈА Наследникот на Ферус го објави последното оро снимено со дедо му и со татко му Илми!

Најскапоцено нешто што останува како највреден спомен со Вас мои Кралеви. Секој момент поминат заедно, сите неодговорени прашања и недокажани нешта ги има во оваа мелодија, стои во објавата на социјалните мрежи на младиот Ферчо.

368

Пред два дена наследникот на кралот на саксафонот, Ферус Мустафов, неговиот внук Ферчо го објави заедничкото оро кое го снимил со неговиот дедо и татко му Илми Мустафов пред година дена, но за жал, судбината не дозволи и тие заедно да го снимаат видеоспотот…

Овој музички проект носи наслов „Спомен“, а Ферчо изминатите месеци го снимаше спотот во соседна Србија, а во кадрите се појавуваат и нивни заеднички фотографии направени од нивните телевизиски гостувања.






„Најскапоцено нешто што останува како највреден спомен со Вас мои Кралеви. Секој момент поминат заедно, сите неодговорени прашања и недокажани нешта ги има во оваа мелодија“, стои во објавата на социјалните мрежи на младиот Ферчо.

Како што знаете, кралот на саксафонот нé напушти на 22 мај по кратко боледување, а само три месеци по тоа, на 15 август почина и неговиот син Илми Мустафов, таткото на Ферчо.

Инаку нивниот наследник веќе некое време живее и работи во Србија, каде соработува со најпознатите тамошни музички ѕвезди, а полека, но сигурно тој станува еден од најбараните дувачи на овие простори…

Погледнете го спотот за нивниот заеднички проект „Спомен“:

Поврзани содржини