СИТЕ НАГРНАА ВО СРБИЈА Колони возила чекаат повеќе од час на „Табановце“

Ова е еден од последните викенди кои граѓаните кои не ги промениле патните и личните исправи со „северна“ сакаат да го искористат да отпатуваат во Србија, бидејќи по 12 февруари нема да можат да влезат во Србија без променети документи.

3,352

Долги колони возила денеска чекаат за влез во Србија на граничниот премин „Табановце“. Граѓаните кои се принудени да чекаат повеќе од еден час да ја минат границата велат дека вакви гужви не виделе уште од летото кога се патуваше на одмор во Грција.

Ова е еден од последните викенди кои граѓаните кои не ги промениле патните и личните исправи со „северна“ сакаат да го искористат да отпатуваат во Србија, бидејќи по 12 февруари нема да можат да влезат во Србија без променети документи.

Поврзани содржини