СИТЕ (НА) МАРШ ВО КАФЕАНА! Среќен Осми март!
Осми март денес се слави малку поскромно отколку до пред некоја година, а на подобро одат и некои други работи. Конечно, многу жени наместо во кафеана, Осми март го прославуваат таму каде што треба – на протестен марш. Иако, да не се лажеме, многу побројни се оние со фризурите во кафеаните. Многу жени веќе не го признаваат, а помладите речиси и не знаат што значи.
Како деца за Осми март правевме честитки за мајките, татковците ни даваа пари за да им купиме по некој подарок „од нас“, родителите одеа во театар, кино или на синдикална прослава во кафеана, а купувавме и подароци за учителките, најчесто, што поубаво цвеќе.
Потоа, кога јас станав сопруга, а во 1993. година и мајка, децата сè уште се занимаваа со истото. Ми се креваше косата на глава кога син ми ќе дојдеше со прашањето – што да им купиме на учителките во градинка, а потоа и на класната во училиште. Додека купувавме, а мораше да се купи нели, секогаш мрчев.
Сепак, не пропуштав да ѝ однесам на мајка ми букетче со мимози. Сега ме гризе малку совест затоа што на син ми му направив таква траума од овој празник и што се однесував толку контрадикторно, од една страна купував подароци за другите жени, за учителките, наставничките, за мајка и свекрва, а кога тој ќе се појавеше со некој подарок што ми го купил самиот од парите за ужинка или пак од оние што му ги тутнала баба, секогаш го карав и му велев: „Јас не славам Осми март“!
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.