Сите му се смеат на Трамп, наопаку ги облекол панталоните? (ВИДЕО)
Трамп го одржа својот голем говор денес, облечен во панталоните наопаку. Погледнете добро и кажете ми дека грешам - беше само еден од коментарите на видеото.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп стана предмет на потсмев на Твитер поради неговите панталони, но не е сè како што изгледа на прв поглед.
Видеото, кое наводно е направено на државната конвенција на Републиканската партија во Северна Каролина, изгледа како да нема патент на панталоните, па видеото започнало брзо да се шири на социјалните мрежи.
На Твитер се појави и хаштагот #trumppants (панталоните на Трамп), кој исто така го достигна трендот.
– Трамп го одржа својот голем говор денес, облечен во панталоните наопаку. Погледнете добро и кажете ми дека грешам – беше само еден од коментарите на видеото.
Сепак, се чини дека некој се потрудил да го уреди видеото, бидејќи на фотографиите се гледа дека Трамп носел панталони нормално и се гледа дека има шлиц.
Others are noting this, but it can’t be shared enough: Donald Trump gave his big speech today with his pants on backwards. Look close and tell me I’m wrong.pic.twitter.com/sRsoJVfyf8
— Brandon Friedman (@BFriedmanDC) June 6, 2021