СИТЕ КРЕДИТИ ЗА ГРАЃАНИ БЕЗ ТРОШОЦИ Февруарска промоција во НЛБ Банка
До крајот на месецот, во НЛБ клиентите добиваат единствена можност да ги искористат промотивните придобивки на кампањата и да аплицираат за потрошувачки, станбен или хипотекарен кредит без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка на имот.
Во текот на февруари, НЛБ Банка спроведува промотивна кампања која се однесува на кредитите за физички лица.
До крајот на месецот, во НЛБ клиентите добиваат единствена можност да ги искористат промотивните придобивки на кампањата и да аплицираат за потрошувачки, станбен или хипотекарен кредит без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка на имот.
Потрошувачките кредити и мКлик/е-банк кредитите за физички лица се достапни без трошоци за одобрување, додека станбените и хипотекарните кредити се достапни без трошоци за одобрување, но и без трошоци за проценка за сите апликации кои ќе бидат примени во промотивниот период, а за кои треба да се изврши проценка на имот.
Повеќе информации за кредитните производи на НЛБ Банка и за промотивната понуда се достапни на веб-страницата на Банката: www.nlb.mk или во Контакт центарот на телефон: 02/15 600