СИТЕ КОМПАНИИ НЕ ЈА ЗАПРЕЛЕ РАБОТАТА ВО РУСИЈА Само 600 фирми се приклучиле на санкциите
Анализата што ја спровела екипа академици од Универзитетот Јејл изготвена според прашалник пополнет од претставници на повеќе од илјада големи фирми, покажува дека и покрај многуте повлекувања во деловната активност во Русија, некои компании речиси нормално продолжуваат да работат и соработуваат со Русија.
Повеќе од 600 компании ја стопирале или во значајна мера ја намалиле нивната деловна активност во Русија по инвазијата врз Украина.
Анализата што ја спровела екипа академици од Универзитетот Јејл изготвена според прашалник пополнет од претставници на повеќе од илјада големи фирми, покажува дека и покрај многуте повлекувања во деловната активност во Русија, некои компании речиси нормално продолжуваат да работат и соработуваат со Русија.
Самите компании се распоредени на листа што постојано се ажурира со податоци, а на секој од бизнисите им се доделува оценка за тоа колкави скратувања бележи во деловната активност на рускиот пазар.
Како за пример, компаниите како „Хајнекен“ или „Нетфликс“ имаат највисока оценка кога се работи за нивното повлекување од Русија, наспроти „Емират ерлајнс“ или „Џеј-Ди ком“ кои имаат најниски оценки заради тоа што продолжиле да се работат како и вообичаено.