Сите кои дошле од Македонија во Словенија одат во 14-дневен карантин

632

Словенечката Влада објави дека донела одлука сите оние кои доаѓаат од Северна Македонија да мораат да одат во задолжителен 14-дневен карантин, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Ваквата одлука важи за сите, без разлика дали се државјани на Словенија, Северна Македонија или држава членка на Европската Унија.






– Епидемиолошката ситуација во Северна Македонија е вонредно тешка. Сите ониe кои во Словенија ќе дојдат од таа држава, дури и словенечките државјани, мораат да одат во 14 дневен карантин – објави словенечкото Министерство за внатрешни работи.

Карантинот за Словенците кои се враќаат дома од други земји е укинат пред три недели.

Поврзани содржини