СИТЕ ФРЛААТ ЃУБРЕ, ДВАЈЦА НЕ МОЖЕА ДА ТРПАТ ПОВЕЌЕ Доброволно го исчистиле брегот на Дебарско Езеро
Двете момчиња наполниле дваесет и две вреќи со отпад, најмногу со пластика и пластични шишиња.
Бленд Троци од Дебар заедно со својот помлад пријател, 15 годишниот Сами Каја, за два часа успеале да го исчистат брегот на Дебарско езеро од отпадот, кој доаѓа од околните речни притоки, но и отпадот кој го фрлаат несовесни граѓани.
Троци за Гласот на Америка изјави дека е вљубеник во природата и оти често организира еколошки активности. Овојпат наполниле дваесет и две вреќи со отпад, најмногу со пластика и пластични шишиња.