СИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА ПРОЧИТААТ ДАЛИ СЕ ВРШЕЛЕ НЕПОТРЕБНИ КАРДИОЛОШКИ ОПЕРАЦИИ Комисијата ги разгледува осумте случаи, вели Алиу

Финалниот извештај ќе биде објавен на официјалната веб-страница на Министерството за здравство, најави министерот за здравство, Азир Алиу.

158

Комисијата што беше формирана за разјаснување на сомнежите дали се вршеле непотребни кардиохируршки интервенции веќе се состанала 3 пати и ги анализирала првите 8 пријавени случаи, изјави министерот за здравство, Азир Алиу.

Во интервју за М, Алиу вели дека на првиот состанок била договерна методологијата на работа, а на следните состаноци биле анализирани осумте случаи за кои беше доставена медицинска документација од неколку здравствени установи.






Тој нагласи дека финалниот извештај ќе биде објавен на официјалната веб-страница на Министерството за здравство.

Покрај домашната комисија, во процесот се вклучени и тројца меѓународни експерти од Словенија, Италија и од Австрија, кои се очекува физички да присуствуваат на следните состаноци.

– Извештајот на домашната комисија и оној на меѓународните експерти ќе послужат како основа за креирање на нови политики во областа на кардиологијата и на кардиохирургијата. Задачата на комисијата е да ја прикаже реалноста, а понатаму, надлежните институции ќе постапуваат согласно законот – рече министерот Алиу.

Поврзани содржини