СИТЕ ДРАМИ ОД БРАКОТ НА ТИЈАНА ДАПЧЕВИЌ Пејачката му ја простила на сопругот аферата со келнерката
Нивната љубовна приказна започнала на еден кошаркарски натпревар во Сомбор, а по само четири дена врска почнале да живеат заедно, а се венчале во 2001 година. Само неколку години подоцна, нивниот брак го потресе скандал.
Пејачката Тијана Дапчевиќ е во брак со Милан Дапчевиќ повеќе од 20 години, а во две децении љубов имале сериозни турбуленции, пишува „Република.рс“.
Имено, нивната љубовна приказна започнала на еден кошаркарски натпревар во Сомбор, а по само четири дена врска почнале да живеат заедно, а се венчале во 2001 година. Само неколку години подоцна, нивниот брак го потресе скандал.
Милан тогаш бил фатен со келнерка, а како што тогаш се пишувало, Тијана му простила и никогаш повеќе не проговорила за тоа. Токму кога помислила дека неволјите поминале, во 2015 година се случила уште една брачна криза, а во јавноста се појавила веста дека пејачката се разведува, како и дека заминала од куќата на неколку дена за да размисли за сè. Сепак, таа решила да го спаси бракот.
Таа тогаш изјавила дека нејзиниот брак не е идеален, но дека љубовта што ја чувствуваат еден кон друг е посилна од сè.
Тијана јавно му ја честиташе на сопругот 18-годишнината од бракот и по тој повод откри до сега непознати детали.
– Мојата мајка (многу пред да стане тоа) го читала расказот на Ѓура Јакшиќ за Тијана, која била вљубена во Милан. Поради таа Тијана на Ѓуро, подоцна одлучила дека и јас треба така да се викам… Две училишта, една академија и неколку „љубови“ подоцна, го запознав Милан на местото на кое не ни знаев дека можам да бидам (кошаркарски натпревар ), бидејќи не можам да поднесам спорт. Оттогаш, двајцата поднесуваме сè. И оттогаш сите мисли ми почнуваат со множина… Среќна 18-годишнина, љубов моја – напишала тогаш Тијана на социјалните мрежи.
ФОТО: Инстаграм