СИТЕ ДОСЕГАШНИ МИНИСТРИ ЗА ЕКОЛОГИЈА ЛИЧНО ГИ ПОТПИШУВАЛЕ СИТЕ ПРЕДМЕТИ, АМА ЗА СДСМ САМО МЕЏИТИ Е ВИНОВЕН Сака ли Богданка Кузеска од мува да направи слон?
Министерството за животна средина и просторно планирање најостро ги демантира обвинувањата на СДСМ дека тоа што министерот Изет Меџити лично ги потпишувал сите предмети. Опомените за ревизорот за архивското и канцелариско работење се однесуваат на сите досегашни министри и нема никакви сомневања за злоупотреби, мито и корупција, категорично тврди Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Чувствуваме одговорност да реагираме веднаш откако Мицкоски јавно повика да му се достават докази за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата. Еве ги тие документи коишто до нас се доставени од свиркачи и кои се од државни инситуции, со архивски броеви, печати и потписи. Овде јасно е наведено дека Државниот управен инспекторат констатирал неправилности во работењето, дека Меџити ги пречекорувал своите законски овластувања, лично потпишувајќи ги сите предмети. Дали на овој начин сакал да воспостави контрола и да има простор за уцени кон фирмите и граѓаните?“, изјави Кузеска.
СДСМ смета дека според наведеното во документите, во Министерството за животна средина бил поставен систем за потпис и одлучување спротиво на законите и административните процедури, што отвора сомнежи за корупција и мито.
– Ваквата пракса е воспоставена од 2016 година кога министер за животна средина бил Нуран Изаири, па продолжила со Башким Ахмети, Садула Дураку, Насер Нуредини и завршила со Каја Шукова. Тоа се редица на министри токму од СДСМ и ДУИ – прецизира Меџити.
„Редовниот инспекциски надзор од страна на Управниот инспекторат се однесува исклучиво на технички аспекти на архивското и канцелариското работење. Во ниту еден момент не е констатирана злоупотреба на службена положба или друг вид на незаконско постапување. Начинот на канцелариско и архивско работење во Министерството за животна средина е воспоставен уште во 2017 година и оттогаш непроменето се спроведува од сите министри кои раководеле со министерството – и од редовите на СДСМ и на ДУИ. На овој начин на работа постапувале министрите Нурхан Изаири, Башким Амети, Садула Дураку, Насер Нуредини и Каја Шукова. Ова значи дека евентуалните забелешки на инспекторатот не се поврзани со работата на актуелното раководство, туку со континуиран административен процес кој е наследен од претходните години“, се прецизира во соопштението на Министерството
„За целосна транспарентност и точна информираност на јавноста, Министерството за животна средина и просторно планирање ги повикува сите заинтересирани медиуми да дојдат на лице место во просториите на Министерството, каде што ќе им биде презентирана целата архивска граѓа поврзана со оваа постапка“, се вели во соопштението.