Сите дома, само Филипче останува

Ако уште ова помине кај „интелектуалците“ и членството во СДСМ, нека се подготват партијата да се задолжува и натаму додека не се „потроши“ и зградата, а во меѓувреме сите да бидат средство во функција на личните интереси на неколку криминални ликови, чии дела што им демнат со затворски казни над глава треба да застарат.

0

Дали СДСМ драматично тоне под негово водство?

Дали сета кадровска политика и за органите во партијата и за кандидатите за градоначалници и советници ја водеше сам, во консултација со Муртино?






Дали сите политики, изборот на тим и фирма за кампања го обликуваше сам, пишуваше резолуции без согласност на органите на СДСМ и без координација со пратеничката група, се нудеше за широка коалиција, што јавно, што скриено, постојано се туркаше во прегратките на Мицкоски?

Исход, сите дома, тој останува.

Ако уште ова помине кај „интелектуалците“ и членството во СДСМ, нека се подготват партијата да се задолжува и натаму додека не се „потроши“ и зградата, а во меѓувреме сите да бидат средство во функција на личните интереси на неколку криминални ликови, чии дела што им демнат со затворски казни над глава треба да застарат.

Венко никогаш и немал на памет идеја дека е дојден да победува СДСМ.

Но едно нека остане запаметено, а тоа е дека цената за овие „туѓи бели дворови“ ќе ја плати не само СДСМ, туку и ВМРО-ДПМНЕ и сите граѓани на Македонија.

Поврзани содржини