СИТЕ 80 ОПШТИНИ ПОДНЕЛЕ ПРОЕКТИ ВО ВТОРИОТ ПОВИК Премиерот Мицкоски најави 1.200 градилишта за локален развој

Ние ќе продолжиме да реализираме и во периодот кој што следи и очекувајте многу убави вести за граѓаните и за Македонија како држава, бидејќи добро е да се гради, тоа е она за кое што нè избрале граѓаните, рече премиерот Христијан Мицкоски.

203

Добро е кога се гради, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Кавадарци и проектите што се реализираат во оваа општина.

– Мене ми е трет пат како сум во Кавадарци, помеѓу кавадарчани, во последниве два, три месеци. Сакам да му честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата за посветената работа што ја прават овде во Кавадарци. Да посакам уште многу вакви проекти.
Се заблагодарувам на колегите од Владата кои допринесуваат не само во Кавадарци, туку и насекаде во Македонија да се реализираат проекти. Добро е кога се гради, затоа што многу работи треба да се изградат, да се завршат, да се обноват. Едноставно, така ја добивме довербата кај граѓаните и не смееме по ниту една цена да ја прокоцкаме таа доверба – рече Мицкоски.






Ние како влада, додаде, ќе направиме сè за да реализираме што е можно повеќе проекти, коишто ќе додадат вредност во животот на граѓаните на целата територија на државата, без разлика дали општината има градоначалник од владината коалиција, од ВМРО-ДПМНЕ, од Вреди, од ЗНАМ или пак е од опозициската СДСМ или пак од ДУИ.

– Јас сум пресреќен што можам да видам дека се реализираат проекти. Дозволете ми да споделам со вас една убава вест, а тоа е дека заклучно со денеска сите 80 општини поднесоа апликации за реализација на проекти од вториот повик. И можам да кажам дека сега имаме близу 900 само од вториот проект. Или кога ќе се соберат од првиот и вториот повик заедно, тогаш имаме вкупно 1.200 проекти. Тоа се 1.200 градилишта во Македонија. Тоа е историска, би рекол вековна работа. И тоа го правиме за идните генерации, но и за денешните генерации кои што заслужуваат подобри услови за живот. Ние ќе продолжиме да реализираме и во периодот кој што следи и очекувајте многу убави вести, следниве неколку месеци, за граѓаните и за Македонија како држава, бидејќи ќе повторам добро е да се гради, тоа е она за кое што нè избрале граѓаните – рече премиерот Христијан Мицкоски.

Поврзани содржини