СИТЕ 8 ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО „ПИРОГОВ“ СЕ ТРГНАТИ ОД МАШИНИТЕ ЗА ДИШЕЊЕ Лекувањето ќе трае долго, роднините редовно добиваат информации

Одамна не сум видел толку спонтан и брз одговор и таква желба да се помогне, вели директорот на болницата д-р Валентин Димитров, за големиот одзив за дарување крв за повредените.

665

Сите 8 пациенти кои се тешко повредени во пожарот во Кочани, а кои се лекуваат во болницата „Пирогов“ во Софија, веќе се екстубаирани. Ниту еден од пациентите не е на механичка вентилација, а дел од нив користат маска за кислород, изјави директорот на болницата д-р Валентин Димитров.

Овој тип на изгореници и повреди се тешки и бараат долго лекување и опоравување, а секогаш постои ризик по живот, додаде тој.






– При таквиот вид повреди кои ги зафаќаат горните и долните дишни патишта, бидејќи вдишувале отровни гасови, бактерии, прашина, чад – ова е амалгам на штетни материи и тоа станува средина за развој на инфекции. Нашата желба е што побрзо да им помогнеме на овие луѓе и да се вратат кај семејствата, но не можеме да кажеме колку долго ќе трае нивното лекување, додаде тој – изјави д-р Димитров за ТВ Нова.

Димитров им се заблагодари на сите кои даруваа крв за лекување на повредените.

– Одамна не сум видел толку спонтан и брз одговор и таква желба да се помогне – рече тој.

Додаде дека можно е акцијата да се продолжи доколку има потреба.

– Самиот третман е многу скап, бидејќи вклучува многу биопроизводи, многу антибиотици, и многу специфична опрема, но во конкретниот случај не размислуваме за парите. Прашањето колку чини и како ќе се плати воопшто не беше на дневен ред. Болницата е обезбедена со сè што е потребно – рече д-р Димитров.

Тој додаде дека на роднините им даваат информации за состојбата на повредените еднаш дневно, а ги информираат и македонските власти.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март загинаа 59 лица загинаа, а околу 200 се повредени. Четиринаесет од повредените се пренесени во Бугарија, од кои 8 пациенти се болницата „Пирогов“.

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за здравство Арбен Таравари на 18 март престојуваа во Софија и ја посетија Универзитетската мултипрофилна болница за активно лекување и ургентна медицина „Н.И. Пирогов“. Двајцата беа придружувани од нивните бугарски колеги, министерот за надворешни работи Георг Георгиев и министерот за здравство д-р Силви Кирилов.

 

Поврзани содржини
na