СИСТЕМСКА КОРУПЦИЈА ДОВЕДЕ ДО НЕСРЕЌАТА СО 44 ЖРТВИ Спасовски и Бочварски да си поднесат оствака, бара ВМРО-ДПМНЕ
За ВМРО-ДПМНЕ 3 дена се премногу за да се дознаат имињата на загинатите во несреќата.
ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министрите за внатрешни работи и транспорт и врски Оливер Спасовски и Блајој Бочварски по автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 патници.
Од партијата оценуваат дека системска корупција доведе до несреќа од 44 жртви и затоа бараат одговорност и оставки на Спасовски и Бочварски.
– Спасовски и Бочварски веднаш да си поднесат оставки, 3 дена по несреќата не се знае кој се е починат, а кој преживеани.Автобусот на „Беса транс“ немал потребна документација, тој поминал царина, поминувал полициски контроли, инспекторати и бил пропуштен во меѓународен сообраќај, не еднаш неколку пати, и ниту Оливер Спасовски, ниту Бочварски не наоѓаат вина кај себе. Во автобусот очигледно немало ниту потребна опрема за спасување при несреќа, која опфаќа обични чекани за кршење на стакла, ниту противпожарни апарати – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека 3 дена по несреќата државата не располага со податоци кои лица се починати, колку луѓе имало во автобусот, колку се спасени.
– Оставени се и семејствата на починатите и јавноста на нагаѓањето на медиумите. Се што требаше да се направи е да се побара список од компанијата кои луѓе се качиле во Македонија, колку од нив се вратиле и кои во кој автобус биле. За оваа проста операција на власта и требаат три дена. Случајот изнесе на површина и дека во изминатиот период секакви возила биле пуштани во сообраќај, и за тоа мора некој да сноси одговорност – велат од ВМРО-ДПМНЕ.