СИСТЕМОТ БИЛ БАВЕН Четирите автобуси на „Беса транс“ минале граница без евиденција
Според изјавите на службениците таа вечер системот работел бавно и не успеале да извршат евиденција, рече вечерва директорката на царинската управа Славица Кутиров.
Директорката на царинската управа Славица Кутиров во емисијата 24 Анализа вечерва рече дека ниту еден од четирите автобуси на „Беса Транс“ не бил електронски евидентиран во системот кога ја поминувал македонската граница со Бугарија.
– Исто како и кобниот автобус, вечерта на 18 кон 19 поминале уште 3 автобуси на „Беса транс“ и за нив немаме евиденција во системот, имаме сочувано патен лист, интербус и патна листа и тоа е уште една причина дека имало одредено несовесно постапување, односно немало соодветна евиденција согласно процедурата. Самата постапка предвидува дека превозникот е должен да приложи сет документи и еден од нив е лицената. Не значи дека колегите ги побарале, тие тврдат дека ги побарале и врз основа на тоа се должни да извршат евиденција во системот. Недостасува електронската евиденција во системот. Ние не држиме копија од тие документи, туку ни е обврска да држиме заверена копија од превозот на патници. Според изјавите на службениците таа вечер системот работел бавно и не успеале да извршат евиденција – рече Кутиров.