СИСТЕМИТЕ Е-ПДД, Е-ДАНОЧНИ УСЛУГИ И МОЈДДВ ФУНКЦИОНИРААТ Управата за јавни приходи објасни дека се вршела нивна надградба
Од УЈП соопштија дека даночните обврзници може да продолжат со користење на услугите преку овие системи.
Системите е-ПДД, е-Даночни услуги и МојДДВ се во функција, соопшти Управата за јавни приходи откако имаше реакции дека од вчера попладне се во прекин овие системи.
Како што е соопштено, од вчера во 16.30 часот се вршела надградба на овие системи.
„Активностите околу надградба на системите е-ПДД и е-Даночни услуги што УЈП ги започна вчера по 16.30 часот, успешно се завршени, и даночните обврзници може да продолжат со користење на услугите преку овие системи кои ги нуди Управата за јавни приходи“ се наведува во соопштението.