СИРОТИОТ ИЛОН МАСК Милијардерот загуби 30 милијарди долари

Според Форбс, извршниот директор на „Тесла“ сега е „тежок“ 271,5 милијарди долари, а пред само три дена, поради скокот на вредноста на акциите од 13,5 отсто, неговото богатство беше проценето на повеќе од 300 милијарди долари, за првпат од ноември.

758

Богатството на Илон Маск во првата недела од јануари осцилира, така што за само неколку дена заработил, а потоа изгубил речиси 30 милијарди долари.

Според Форбс, извршниот директор на „Тесла“ сега е „тежок“ 271,5 милијарди долари, а пред само три дена, поради скокот на вредноста на акциите од 13,5 отсто, неговото богатство беше проценето на повеќе од 300 милијарди долари, за првпат од ноември.






Форбс, сепак, наведува дека неговата заработка „како дошла, така и отишла“.

Маск изгуби 13,9 милијарди само во средата и уште 5,3 милијарди денеска.

На затворањето на берзата, акциите на „Тесла“ вредеа 11 отсто помалку отколку во понеделникот, кога беа на врвот.

Поврзани содржини