Група рибари од Јемен, една од најсиромашните арапски земји, пронајдоа нешто во Аденскиот Залив што им го смени животот.
Имено, тие наишле на труп на кит, а кога погледнале во неговиот стомак, пронашле големо парче мукозна материја позната како сив килибар.
Бидејќи сивиот килибар е многу редок, постигнува и висока цена, па според Би-би-си, сиромашните рибари пронашле парче вредно околу милион евра.
Сивиот килибар се произведува од китовите, кога нивните жолчни канали во дигестивниот тракт создаваат секрети за да го олеснат минувањето на големи или остри предмети. Китовите потоа повраќаат слуз којa се стврднува и плови во грутки на површината на морето.
Претежно се користи во индустријата за парфеми поради неговата способност да го продолжи времетраењето на мирисите.