📽️ СИРИЕЦ ВРШЕЛ ТЕРОР ВО ГЕРМАНИЈА Маж палел куќи, влетал во продавници, 30 лица се повредени од кои потешко две деца

Меѓу осумте тешко повредени деца има и две малечки деца чија состојба сѐ уште е критична поради вдишување чад, соопштија пожарникарите.

1,526

Околу 30 лица се повредени вчера во два одвоени пожари во западниот германски град Есен, меѓу кои и две мали деца кои се во критична состојба поради вдишување чад, соопштија локалните власти.

Полицијата спроведе апсење на 41-годишен Сириец од Есен кој е поврзан со пожарите, објави Билд.






– Човекот е поврзан и со инцидентот во кој со комбе влета во две продавници – изјави портпаролот на полицијата, кој додаде дека во тој инцидент нема повредени.

Сириецот е уапсен во близина на две продавници.

Полицијата соопшти дека не може да соопшти детали за осомничениот или неговите мотиви.

– За кратко време избувнаа пожари во две куќи, што предизвика опсежна реакција на итната помош – соопшти полицијата.

На повредените им е укажана лекарска помош, а некои се пренесени во болница.

– Меѓу осумте тешко повредени деца има и две малечки деца чија состојба сѐ уште е критична поради вдишување чад – соопштија пожарникарите.

Портпаролот на полицијата одби да ги коментира извештаите дека Сириецот се заканувал со нож и мачета, а властите ги прегледуваат снимките што кружат на социјалните мрежи.

 

Поврзани содржини