🎥 СИРЕНИТЕ ПИШТАТ, ЛУЃЕТО БЕГААТ Хамас го ракетираше Израел

Во текстот се наведува дека израелската армија изведува воена операција во Рафа, но не е соопштено дали има повредени.

263

За прв пат по четири месеци Хамас истрела ракети врз областа Тел Авив во централниот дел на Израел, пренесува Би-би-си.

Најмалку осум ракети биле лансирани од областа Рафа на југот на Газа, пишува Би-би-си, неколку биле пресретнати, соопшти израелската армија.






Во текстот се наведува дека израелската армија изведува воена операција во Рафа, но не е соопштено дали има повредени.

Сирените се огласија и во други градови и населени места, вклучувајќи ги Херцлија и Петах Тиква, пренесува овој медиум.

Службата за итни случаи на Израел, Маген Дејвид Адом, соопшти дека многу луѓе се лекуваат од акутна анксиозност, пишува Би-би-си.

Поврзани содржини