СИРЕНИ ЗА НАПАД УТРОВО ВО КИЕВ Беспилотни летала камикази и експлозии во Украина

Украинскиот лидер ги повика граѓаните „разумно да ја користат струјата" што е можно повеќе.

884

Еден ден по разорните ракетни напади во Украина, утрово сирените за воздушен напад се огласија во Киев, а  Запорожје повторно е цел на руски ракетни напади, јавуваат украински медиуми.

Во Виница е погодена термоцентрала од камикази беспилотни летала. Сирени се слушнале и во Чернихив,  Одеса, Суми и Днепар.

Шефот на украинската регионална воена управа на Запорожје, Олександр Старух, напиша на Телеграм дека руските сили истрелале ракети врз регионалниот центар и „наменети инфраструктурни објекти“, пренесува Укринформ.

Шефот на регионалната воена управа во Виница Серхиј Борзов изјави дека две беспилотни летала „Шахед-136″ ја погодиле термоелектраната Ладижин

Украина соопшти дека во вчерашните масовни руски ракетни напади загинале 19 лица, а 105 се ранети.

По жестоките вчерашни руски ракетни напади, претседателот Володимир Зеленскиј ноќеска повторно ја нагласи волјата на неговата земја да се спротивстави.

– Украина не може да биде заплашена. Наместо тоа, ние сме уште пообединети. Ќе направиме сè за да ги зајакнеме нашите вооружени сили. Воиштето за непријателот ќе биде уште поболно – рече Зеленски во неговото редовно ноќно видео обраќање до сограѓаните од Киев.

Говорејќи од оштетената крстосница кај Универзитетот во Киев, а не од неговата силно обезбедувана претседателска канцеларија, како што тоа вобичаено го прави, Зеленски ноќеска кажа дека во и околу Универзитетот во Киев има само цивилни цели и дека нема никакви воени објекти, за кои Русија соопшти дека ги гаѓа.

Украинскиот лидер ги повика граѓаните „разумно да ја користат струјата” што е можно повеќе.

Според Зеленски, нападите биле намерно извршени за време на сообраќајниот пик во утринските часови за да се убијат што повеќе луѓе и да се прекине електричната енергија.

 

 

Поврзани содржини