СИРЕНИ И ПУКОТНИЦИ ГИ ВОЗНЕМИРИЈА СКОПЈАНИ Во „Борис Трајковски“ е одржа оперативно – тактичка вежба „Пролет-22“ (ВИДЕО)
Во кругот на спортскиот центар „Борис Трајковски“ се одржа оперативно – тактичка вежба „Пролет-22", прва од ваков обем, на која беше претставена подготвеноста на полицијата при вршење на задачите од областа на безбедноста.
Пукотници, сирени, зголемено присуство на полициски единици ги вознемири граѓаните на општина Карпош, сепак сето тоа беше дел од тактичката вежба која ја спроведе МВР.
Како што претходно беше информирано во кругот на спортскиот центар „Борис Трајковски“ се одржа оперативно – тактичка вежба „Пролет-22″, прва од ваков обем, на која беше претставена подготвеноста на полицијата при вршење на задачите од областа на безбедноста.
Од соопшти МВР, на настанот покрај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, присуствуваа и други членови на Владата, како и претставници на дипломатскиот кор во земјата.