📽 СИРЕНИ ЕЧЕЛЕ И ЕКСПЛОЗИИ ОДЕКНУВАЛЕ ВО КИЕВ Русија изврши масовен напад неколку часа пред примирјето на Путин
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, утрово изјави дека Русија во текот на ноќта лансирала 4 балистички ракети и 142 дронови кон Украина, а дека неколку дронови сè уште се активни над земјата. Тој соопшти дека во нападите загинале две лица, меѓу кои жена и нејзиното дете, а седуммина други се повредени, од кои пет се деца.
Најмалку 2 лица загинале, а шестмина се повредени во воздушни напади што руските сили ноќеска ги извршиле врз главниот град на Украина, Киев, објави Би-Би-Си.
Според извештаите, сирените за предупредување од воздушни напади во Киев се огласиле нешто пред полноќ, по што за кратко време одекнале неколку силни експлозии.
Тамошните власти велат дека дел од експлозиите биле звуци од руска балистичка ракета, уништена од системите за противвоздушна одбрана.
Во меѓувреме, службата за вонредни ситуации соопшти дека дрон погодил станбена зграда, а фрагменти од дрон погодиле две други станбени згради. Остатоците од балистичката ракета, пак, предизвикале пожар што бил изгаснат околу 3 часот по локално време.
Фотографии од местото, погодено од беспилотно летало, покажуваат значителна штета на станбената зграда и екипи на службите за вонредни ситуации како изнесуваат вреќи за тела од неа.
Инаку, синоќешните напади врз Киев се случуваат само неколку часа пред почетокот на тридневното примирје што го најави рускиот претседател, Владимир Путин, поради прославата на Денот на победата во Втората светска војна на 9 мај.
Украина го отфрли ваквиот предлог, повикувајќи ја Русија да се согласи на многу посуштинско 30-дневно примирје и преговори.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, утрово соопшти дека Русија ноќеска лансирала 4 балистички ракети и 142 дронови кон неговата земја.
Според него, сè уште има десетици дронови што летаат над Украина. Изјави и дека во синоќешните напади се убиени 2 лица, а седуммина се повредени од кои 5 деца.
„Трагично, една жена и нејзиниот син се убиени“, рече Зеленски на својата објава на социјалната мрежа Икс, осврнувајќи се на нападите во Киев.
Тој соопшти дека службите за итни случаи се распоредени низ целата земја – вклучувајќи ги регионите Запорожје, Донецк, Житомир, Херсон и Днепар.
Зеленски уште еднаш повика дека само силен притисок врз Русија може да го отвори патот кон дипломатско решение на конфликтот.
„Само значително засилен притисок врз Русија и построги санкции можат да го отворат патот кон дипломатијата. Москва мора да биде одговорна за своите постапки“, рече Зеленски.
Во меѓувреме, украинските сили истрелаа беспилотни летала кон Москва, што ги принудиле руските власти да ги затворат аеродромите во земјата втора ноќ по ред.
Во украинските напади врз Москва, кои се случуваат додека во градот пристигнуваат делегации и лидери за прославата на Денот на победата, досега не се пријавени жртви и материјални штети.
Overnight, the Russians launched 4 ballistic missiles and 142 drones – half of them were Shaheds. Dozens more UAVs are still in our skies.
Kyiv was struck twice – first by ballistic missiles, then by drones in the morning. All emergency services are currently on the ground,… pic.twitter.com/06LimSZ2Xh
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) May 7, 2025