СИРЕЊЕ ШТО НЕ ВИДЕЛО МЛЕКО! Како да препознаете што е млечно, а што – чиста хемија?

Вештачките, евтини сирења, односно, кашкавали, кои не виделе млеко често содржат помалку протеини и калциум од природното сирење, како и сол, конзерванси и адитиви, а најлесно да ги „откриете“ е ако ја прочитате декларацијата на производот.

544

Лажните сирења, односно, кашкавали, по вкус и текстура наликуваат на вистински, но ако го погледнеме составот на ваквите вештачки производи, често ќе најдеме бројни нездрави состојки.

Имитации на преработено сирење, односно, кашкавал често се користат во прехранбената индустрија поради нивната исплатливост, продолжен рок на траење и добри резултати на топење на повисоки температури.






Тие обично се користат во лошите пицерии и рестораните за брза храна, додадени во замрзнати оброци и во некои грицки.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

 

Поврзани содржини