Синовите на милијардерот го обвинија својот татко: Ни плати проститутка за да нè силува!
Се надевам дека моето искуство ќе им помогне на другите да проговорат за тоа што им се случувало - изјавил постариот син во интервју за „CBS News”.
Двајца синови, од вкупно седум, на модниот дизајнер Питер Нигард го обвиниле дека најмил проститутка да ги силува, објави „Daily Mail“. Како што истакнале синовите, Нигард платил проститутка, а на нив им рекол дека сака таа да ги направи мажи.
Едниот син бил силуван на само 14 години, а постариот имал 15 години. Едниот бил силуван во домот на Питер на Бахамите во 2004 година, а другиот во домот во Канада.
– Се надевам дека моето искуство ќе им помогне на другите да проговорат за тоа што им се случувало – изјавил постариот син во интервју за „CBS News”.
Тој додал и дека чувствувал збунетост и срам и дека многу работи му се разјасниле кога неговиот татко, сопственик на модно царство, бил обвинет за трговија со луѓе.
Реномираниот „Daily Mail” наведува дека обвиненијата против Нигард ги изнеле вкупно 57 жени. Нив, наведуваат тие, ги намамил на својот имот на Бахамите, ветувајќи им пари и можност за работа во модната индустрија, а таму биле силувани и сексуално злоставувани. Некои од неговите жртви биле малолетни.
Нигард ги демантирал ваквите обвиненија, тврдејќи дека станува збор за завера која ја смислиле неговите богати и моќни непријатели за да му наштетат.