Синовите на Ел Чапо ги казнуваат Мексиканците кои не се плашат од ковид-19

Иван Архивалдо (36) и Хесус Алфредо (37), познати како „Лос Чапитос“, им се закануваат со насилство, претепување и затвор на сите оние кои ги кршат правилата, објави „Јукатан Тајмс“.

430

Синовите на познатиот нарко бос Хоакин Ел Чапо сериозно ја сфаќаат опасноста од коронавирусот и поради тоа во Мексико им се закануваат на сите оние кои не се согласуваат со мерките воведени поради спречување на ширењето на пандемијата. На сите непослушни граѓани тие им се закануваат со ќотек и со затвор.

Иван Архивалдо (36) и Хесус Алфредо (37), познати како „Лос Чапитос“, им се закануваат со насилство, претепување и затвор на сите оние кои ги кршат правилата, објави „Јукатан Тајмс“.






„После 10 часот навечер сите мора да бидат во своите домови поради коронавирусот, а во спротивно ќе бидат казнети. Ова се наредби од врвот, односно од Лос Чапитос“, наведено е во видеото кое кружи на социјалните мрежи. Таму исто така е посочено дека луѓето кои работат за двајцата браќа кружат по улиците со автомобили и преку разглас им ги повторуват заканите на луѓето.

„Ова не е игра! Ние не си играме!“, велат луѓето на браќата додека возат од град во град.

Во друго видео, пак, жителите на Мексико се предупредени дека секој оној што ќе биде фатен на улица по 10 часот навечер, ако не е работник кој мора да оди на работа, ќе биде ставен два дена во „затвор“ и ќе мора да плати казна.

Голем број Мексиканци не веруваат во опасноста од коронавирусот, а во оваа држава досега има над 26.000 заразени и над 2.500 починати.

Поврзани содржини