„Синовак Биотек“: Нашата вакцина е поефикасна ако временскиот период помеѓу двете дози е подолг

Синовак допрва треба да ги објави глобалните резултати од третата фаза на испитувањата, но таа вакцина по итна постапка веќе е одобрено во неколку земји, вклучувајќи ги Бразил, Индонезија и Турција.

1,015

Кинеската компанија „Синовак Биотек“ соопшти дека клиничките испитувања покажале дека нивната вакцина против ковид-19 е за 20 отсто поефикасна ако периодот помеѓу две примени дози е подолг.

Кај 1.394 пациенти кои дозите од „Корона Вак“ или плацебо ги примиле во период од три недели ефикасноста изнесувала речиси 70 отсто, вели портпаролот на компанијата.






Бразилски експерти во минатата недела објавија дека ефикасноста на таа вакцина изнесува 50,4 отсто, темелено на резултатите на 9.000 доброволци од кои повеќето двете дози ги примиле во период од 14 дена, како што е наведено во протоколот на клиничките испитувања.

Временскиот интервал помеѓу примањето на двете дози на вакцината стана жешка тема помеѓу научниците, регулаторните тела и владите.

Британското регулаторно тело соопшти дека вакцината против ковид-19 од произведувачот АстраЗенека и оксфордскиот универзитет е поефикасна кога има поголемо временско растојание помеѓу двете дози, отколку што првично било предвидено.

Таа земја исто така одлучи да го продолжи временскиот интервал помеѓу две дози на Фајзер и БионТек вакцината иако компаниите од тоа се оградиле, тврдејќи дека во таков случај не можат да гарантираат за иста ефикасност.

Синовак допрва треба да ги објави глобалните резултати од третата фаза на испитувањата, но таа вакцина по итна постапка веќе е одобрено во неколку земји, вклучувајќи ги Бразил, Индонезија и Турција.

Поврзани содржини