Синот си го истепал таткото во Дебар

411

Во полицската станица во Дебар е приведен дебарнец поради физичики напад на својот татко.

-Денеска околу два часот во полициската станица е приведен А.Л.(34) од Дебар кој претходно, во семејниот дом, физички го нападнал својот татко. Против него дебарското одделение за внатрешни работи ќе поднесе соодветна пријава, рече Стефан Димоски – портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.






Тој информираше и околу спроведената акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, реализирана синоќа од 20 до 2 часот.

-Во акциската контрола од страна на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Дебар, контролирани се 16 патнички моторни возила, а извршени се и 12 алкотестирања на возачи. Констатирано е дека еден возач управувал моторно возило под дејство на алкохол – изјави Димоски.

Додаде дека возачот е исклучен од сообраќај, одземени му се возачките документи и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини