СИНОТ НА ЗЛАТАН ИБРАХИМОВИЌ ЈА ИМА НЕГОВАТА ЅВЕЗДА Сѐ уште е малолетен, но веќе е славен
Винсент Сегер Ибрахимовиќ во март наполни 16 години и веќе покажува значителен талент за фудбал бидејќи неодамна беше повикан во шведската кадетска репрезентација.
Златан Ибрахимовиќ со сопругата Хелена има два сина, постариот Максимилијан и помладиот наследник Винсент Сегер кој тргна по стапките на својот татко. А ја има и неговата ѕвезда. Сѐ уште е малолетен, но е добар пат да стане ѕвезда и на фудбалскиот терен и надвор од него. Помладиот син на Златан Ибрахимовиќ е маркантно момче кое плени со својот изглед, а девојките лудуваат по него.
Niko da kaže kakvog lepotana od sina ima Zlatan Ibrahimović 💙 Lutka bre 🥰🫶 #caosvima pic.twitter.com/kFT3NTw0bB
— Nina Krunić (@nina_krunic) June 11, 2024
Винсент во март наполни 16 години и веќе покажува значителен талент за фудбал бидејќи неодамна беше повикан во шведската кадетска репрезентација.
Винсент Сегер Ибрахимовиќ продолжува по стапките на својот татко играјќи како централен играч за врска. Неговата покана во кадетската репрезентација на Шведска покажува дека наследникот на Ибрахимовиќ има потенцијал да стане еден од најдобрите фудбалери на својата генерација.
Неговиот изглед ги освои девојките ширум светот, а доказ за тоа се неговите фотографии кои постојано се шират на социјалните мрежи.