СИНОТ НА ТРАМП ГО ИСМЕЈУВА БОЛДВИН ПОРАДИ НЕСРЕЌАТА „Го обвинува пиштолот наместо себеси!“ (ФОТО)
Тој преку саркастични фотографии на споменатата мрежа јавно го обвини актерот за несреќата.
Синот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп помладиот, се огласи на социјалната мрежа Инстаграм по повод смртта на директорката на фотографија Хајлина Хачинс, која ја уби актерот Алек Болдвин.
Тој преку саркастични фотографии на споменатата мрежа јавно го обвини актерот за несреќата.
View this post on Instagram
„Тој поглед кога лудак кој не умее да користи пиштол убива повеќе луѓе со пиштол отколку што досега убила вашата гобемна колекција огнено оружје“, напиша Трамп и објави фотографија од Болдвин.
Трамп помладиот потоа објави фотографија од Болдвин и неговата сопруга Хиларија, со натпис којшто ја исмева.
„Како се вели на англиски дека сме за*бени? – Хиларија Болдвин“, пишува на фотографијата.
View this post on Instagram
„Ајде сите да гледаме како Алек Болдвин го обвинува пиштолот“, додал тој уште една објава на Инстаграм.
Според пишувањата на странските медиуми, шегите на Трамп за Болдвин можеби се предизвикани од фактот дека Болдвин го имитираше Доналд Трамп за време на неговото гостување во „Saturday Night Live“, што нему не му се допадна.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм/ЕПА