🎥 СИНОТ НА ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ ЗА БОРБАТА СО ЗАВИСНОСТА „Не можев да се замислам без да дувам и да пијам“

Актерот Александар Михајловски во подкастот на Стефан Лазаров си ја отвори душата и раскажа за лошиот период од својот живот кога не можел да си го замисли денот без дрога и пиење.

1,220

Синот на Тони Михајловски, Александар, во подкастот на Стефан Лазаров искрено проговори за животот со наркотици и алкохол и откри дека имал проблеми со менталното здравје.

– Сум го живеел тој живот, јако. Ова го кажувам како лош пример, не како нешто со што се гордеам.  Менталното здравје ми беше на најниско ниво во еден период. Ја имав забаталено мојата кариера.






Побитно ми беше да заглавам до 5 саат сабајле со тањирот и со пиење и со сите сра*а и сабајле да станам и да бидам тотално непрофесионален. Сум има сериозни ноќи непреспиени. Тоа ми било најбитно, брат. И ништо не ми било свето. Многу е зае*ано тоа брат, дисциплината е спасот, тоа алкохолот и дрогите е живо с*ање.

Не си мангуп ако можеш да средиш два грама и да испиеш вечерта литро виски и да се степаш – се исповедаше Александар додавајќи дека сето тоа го доведувало до тепачки, па дури и до тоа да го избодат со нож.

 

Александар призна дека не само што бил зависен, туку не можел да се замисли себеси без да дува и да пие и дека се излечил себеси со помош на спортувањето.

– Почнав да трчам, 4-5 години не пијам алкохол, не консумирам никакви наркотични супстанци, две години не дувам. Сакам младите да сватат дека е тоа погрешно – рече Александар Михајловски.

Во подкастот тој зборува и за разводот на неговите родители кога имал две години и за тоа дека тешко го доживувал тој статус на дете на разведени родители.

– Пораснат сум со баба ми, дедо ми и мајка ми во двособен стан, којшто подоцна стана трособен, затоа што кујната ја направивме детска соба, а во дневната се направи кујна. Секогаш се гледало да имаме колку се може. Не сум дете родено со златна лажица, моите се работничка класа луѓе – раскажа Александар кој зборуваше и за тоа дека имал моменти во секојдневието кога татко му му недостигал, иако тој веднаш обезбедувал за него што и да требало да се обезбеди.

– И тој и мајка ми биле млади и зелени и така знаеле тогаш – вели Александар.

За својот брат од вториот брак на татко му вели: „Јас сум пораснат сам и кога го добивме Максим во нашата фамилија, како да ти кажам, веднаш тука кај срцето го истетовирав. Името негово на срце“.

Поврзани содржини