СИНОТ НА ШЕР СЕ ПРЕДОЗИРАЛ Елајџа е итно хоспитализиран

Елајџа Блу Алман, син на пејачката Шер и покојниот музичар Грег Алман, е хоспитализиран откако се предозирал. Инцидентот се случил во саботата, 14 јуни, а веста прв ја објави американскиот портал ТМЗ, додека информацијата ја потврди и канцеларијата на шерифот на округот Сан Бернардино.

613

Елајџа Блу Алман, син на пејачката Шер и покојниот музичар Грег Алман, е хоспитализиран откако се предозирал. Инцидентот се случил во саботата, 14 јуни, а веста прв ја објави американскиот портал ТМЗ, додека информацијата ја потврди и канцеларијата на шерифот на округот Сан Бернардино.

„Замениците од нашата канцеларија во Моронго Басинг одговорија на дојавата од куќа во Ландерс, каде што еден маж се однесувал необично. По пристигнувањето, Елајџа Алман (48) беше под надзор на итна медицинска служба“, се вели во официјалното соопштение.






„Во куќата беше пронајдена дрога, а Алман беше однесен во болница. Истрагата е сè уште во тек.“

Кој е Елајџа Блу Алман?

Алман, познат и како П. Ексетер Блу, е долгогодишен член на метал бендот „Deadsy“. Тој е единственото дете на Шер и Грег Алман, роден во 1976 година. Покрај неговиот полубрат Чез Боно, синот на Шер и нејзиниот прв сопруг Сони Боно, Елајџа има уште четири полубраќа и сестри од страната на татко му: Девон, Лејла, Мајкл и Делила.

Поддршка од сопругата и покрај разводот

Неговата сопруга, музичарката Марианџела Кинг Алман, се обрати до јавноста со изјава за магазинот „Пипл“. И покрај тоа што двојката е во процес на развод, таа ја изразила својата поддршка за Елајџа:

„Да, Елајџа имаше проблеми, но секогаш се трудеше да остане трезен и да се грижи за луѓето за кои се грижеше. Тој сè уште има свои борби, но се справува со нив силно, не се предава. Иако луѓето можеби мислат лошо за него, тој знае што сака и живее чесно. Јас секогаш ќе го поддржувам“, рекла таа.

Историја на семејни проблеми

Оваа хоспитализација доаѓа по турбулентни години за Алман и неговото семејство. Во декември 2023 година, Шер поднесе барање за привремено старателство над својот син поради зависност и проблеми со менталното здравје. Но, во септември 2024 година, пејачката го повлече барањето откако постигнаа приватен договор.

Случајот се искомплицира кога Марианџела ја обвини Шер во случајот за развод дека наводно ангажирала четворица мажи да го земат Елајџа од хотелската соба против негова волја. Шер ги негираше тврдењата, велејќи за „Пипл“: „Таа гласина не е точна“, одбивајќи да коментира за деталите.

Комплексна врска помеѓу мајка и син

Елајџа и неговата мајка имаат комплексна врска со години. Гостувајќи во емисијата „Д-р Фил“ во 2004 година, Шер изјави: „Тој и јас имаме толку чудна врска. Имавме многу чудни моменти. Навистина не го разбирам. Како да комуницираме преку осмоза“.

Поврзани содржини