СИНОТ НА РИЈАНА НА НАСЛОВНАТА НА „ВОГ“ Пред 3 дена објави дека е повторно бремена (ФОТО)
Пејачката од Барбадос во мај минатата година го роди синот во потполна тајност, а долго време не сподели ниту една фотографија од своето бебе.
Пејачката Ријана (34) сподели симпатична фотографија од нејзиниот син, кој беше снимен за престижното списание на кое на насловната се таа, бебето и нејзиниот партнер, раперот АСАП Роки.
Ријана во неделата настапи на Супербол и објави дека е повторно бремена со тоа што го откри својот труднички стомак во црвениот комбинезон, но не застана тука.
Пејачката од Барбадос во мај минатата година го роди синот во потполна тајност, а долго време не сподели ниту една фотографија од своето бебе.
View this post on Instagram
Токму затоа таа вчера на Инстаграм сподели со своите следбеници фотографија од нејзиниот мал наследник, направена за престижното британско издание на магазинот „Вог“.
„Моето совршено бебе“, напиша таа во описот на фотографијата која за само два часа доби речиси седум милиони лајкови.
View this post on Instagram