Синот на Петар Наумоски потпиша за МЗТ Скопје

Седумнаесетгодишниот Михаил (205 см) дојде во редовите на македонскиот кошаркарски првак од белградска Црвена Звезда.

529

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром потпиша денеска договор со талентираниот Михаил Наумоски, син на еден од најдобрите македонски кошаркари на сите времиња Петар Наумоски.

Седумнаесетгодишниот Михаил (205 см) дојде во редовите на македонскиот кошаркарски првак од белградска Црвена Звезда.






– Ќе дадам сè од себе да ја оправдам дадената шанса и да го пренесам знаењето и искуство добиено со тренирањето и играњето во Црвена Звезда и во Галатасарај – изјави Наумоски за клупскиот сајт.

Наумовски потпиша две и пол годишен договор, а тековната сезона ќе ја доигра во редовите на вториот тим на македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје УНИ Банка.

Поврзани содржини