СИНОТ НА ПЕСКОВ СЛУЖЕЛ ВО ВАГНЕР? Пригожин тврди дека момчето „било за пример“
Само јас и шефот на персоналот знаевме за тоа. Николај Песков покажа храброст и херојство како и сите други, вели шефот на Вагнер.
Синот на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, се борел во Украина заедно со платеничките сили на групата Вагнер. Ова во саботата го откри шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, пишува ДејлиМејл.
Синот на Песков, Николај Песков, кој долго време живеел во Британија и е познат и како Николај Чолес, за московскиот таблоид КП изјавил дека служел затоа што тоа го сметал за негова должност. Печатот објави и фотографија од 33-годишникот во воена униформа. Се наведува и дека бил одликуван.
Критичарите, сепак, рекоа дека Пригожин не дал доказ за неговото наводно распоредување во Луганск.
Меѓу другото, Пригожин рекол дека членството на синот на Песков било чувано во тајност.
In a recent interview, Yevgeny Prigozhin said that Nikolai, son of Kremlin Press Secretary Dmitry Peskov, served as an artilleryman with Wagner PMC. pic.twitter.com/KkBRNwNskY
— Russians With Attitude (@RWApodcast) April 22, 2023
– Само јас и шефот на персоналот знаевме за тоа. Николај Песков покажа храброст и херојство како и сите други – додаде тој објаснувајќи дека синот служел во артилеријата.
Синот на Дмитриј Песков моментално е на одмор по шест месеци стаж, вели шефот на Вагнер.
Пригжин тврди дека првично го советувал Песков да не го пушта синот во редовната војска, која според него не е доволно спремна и обучена, туку во редовите на приватната група.
Синот наводно, успеал да влезе во Вагнер по три недели обука и неговото учество „било за пример“.
– Децата на поголемиот дел од руската елита ги избегнаа воените напори. Родителите ги кријат – се пожали 61-годишниот газда на Вагнер.
Тој додаде дека синовите на водечките Руси се испраќаат на универзитети, каде што се ослободени од служење во вооружените сили, додека децата на работниците умираат во војната.