СИНОТ НА ПЕСКОВ ОДБИ ДА ОДИ ВО ВОЈСКА Јутјубери го зафркавале, тој мислел дека го регрутираат (ВИДЕО)
Морате да разберете, ако знаете дека јас сум г-дин Песков, колку е погрешно да одам таму. Кратко речено, ќе го решам ова на друго ниво, одговара синот на Песков одбивајќи да оди во канцеларијата за мобилизација.
Синот на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков одби да биде мобилизиран во руската војска. Николај, кој има 32 години мислел дека на телефон му се јавуваат од војската, а всушност тоа бил Дмириј Низовцев, познат јутјубер кој води канал против Путин и кој намерно го снимал разговорот. Муабетот беше целосно објавен на социјалните мрежи, пишува Мондо.
Јутјуберот се преправа дека е воен службеник и му вели на Николај Песков дека е повикан да се јави во канцеларијата за мобилизација утре наутро.
– Морате да разберете, ако знаете дека јас сум г-дин Песков, колку е погрешно да одам таму. Кратко речено, ќе го решам ова на друго ниво – одговара синот на Песков одбивајќи да оди во канцеларијата за мобилизација.
– Морам да разберам за што се работи и кои се моите права. Утре да ме земат, верувајте ми, тоа не ми треба ниту мене, ниту вас. Јас немам проблем да ја бранам татковината, но морам да сфатам зошто морам да се појавам таму толку скоро. Зборувам за одредени политички нијанси – додава Николај.
Синот на портпаролот на Путин потоа вели дека ако мора ќе дојде, но дека не сака да биде наведен како доброволец во официјалните документи:
– Ќе направам што ќе ми кажат. Ако Владимир Владимирович рече дека морам да одам таму, ќе одам. Јас не сум обичен војник – рече тој.