Синот на пациентот што доби срце: Срцето на нивната ќерка, мајка, сестра, сѐ уште чука, тоа нѐ поврзува

2,243

Васил Огњановски, син на пациентот Васил, на кој синоќа за првпат во Македонија му беше трансплантирано срце од починат доно,  денеска во изјава за медиумите изрази големо сочувство до фамилијата, но и голема благодарност бидејќи со донирањето на органите се спасени три животи.

Тој додаде дека со неговиот татко сакаат да се запознаат со семејството на починатата, и порача дека срцето на нивната ќерка, мајка, сестра се уште чука.






– Ќе кажам само едно големо благодарам што со донирањето се спасија три животи. Еднаш докторите го вратија татко ми во живот, сега ова е вторпат. Да стивне болката и очекуваме да се запознаеме со семејството на Емилија. Да изразиме сочуство и да знаат дека срцето на нивната ќерка, мајка, сестра, сѐ уште чука. Тоа не поврзува –  рече Огненовски.

Поврзани содржини