СИНОТ НА ЏОН ТРАВОЛТА Е ПРАВНУК НА ЕЛВИС ПРИСЛИ?! Тужбата тврди дека Рајли Кио ѝ донирала јајце клетки на Кели Престон

Најстарата ќерка на Лиза Мари Присли, Рајли Кио, наводно им ги донирала своите јајце-клетки на Џон Траволта и неговата покојна сопруга Кели Престон за нивниот син Бен, тврдат судските документи во острата правна битка во која е вклучено семејството Присли, пишува People.

399

Џон Траволта е неочекувано именуван во обемна и сè поостра правна битка во која е вклучено семејството Присли.

Новоизменетите судски поднесоци даваат сензационални, но недокажани тврдења за биолошкото потекло на синот на Траволта, пишува People.






Необичните обвинувања се појавуваат во изменетата тужба за прекршување на договор од 50 милиони долари, поднесена од поранешните деловни соработници на Присила Присли, Брижит Крусе и Кевин Фијалко.

Поднесокот, кој Дејли Меил го добил на увид, ги наведува Присила и нејзиниот син Навароне Гарибалди Гарсија како обвинети, и вклучува серија експлозивни тврдења кои целосно се припишуваат на наводни изјави од трети страни.

Меѓу нив, се тврди дека најстарата ќерка на Лиза Мари Присли и внука на Елвис, Рајли Кио (36), наводно им ги донирала своите јајце-клетки на Траволта и Престон за двојката да може да го добие нивниот син Бен, кој сега има 15 години, во 2010 година – што, доколку е вистина, би го направило тинејџерот правнук на Елвис Присли.

Исто така, се тврди дека покојната мајка на Рајли, Лиза Мари Присли која почина во 2023 година, претходно ѝ ги донирала своите јајце-клетки на Престон за да може да „забремени“. Сепак, поднесокот не нуди медицинска документација и не утврдува дали таквото донирање резултирало со бременост.

Поранешниот сопруг на Лиза Мари, Мајкл Локвуд – татко на нејзините 17-годишни близнаци Харпер и Финли – постојано се споменува во документот како наводен извор на неколку од тврдењата.

Според поднесокот, Локвуд наводно му кажал на Крусе дека Престон не може да забремени без помош и дека бил користен репродуктивен материјал од семејството Присли.

Во изменетата тужба, исто така, се тврди – повторно без поткрепувачки докази – дека Траволта и Престон се обратиле до семејството Присли во 2010 година, по смртта на нивниот син Џет претходната година, во период кога Траволта наводно се соочувал со професионални и лични притисоци.

Во поднесокот се споменуваат претходни обвинувања против актерот, за сексуално вознемирување, тврдења што Траволта постојано ги негираше.

Едно особено провокативно тврдење во тужбата е дека Траволта на крајот одбил да ги користи јајце-клетките на Лиза Мари Присли, наведувајќи загриженост поврзана со нејзините добро документирани борби со зависноста од опиоиди.

Во поднесокот се тврди дека Рајли Кио наводно ги обезбедила своите јајце-клетки, овозможувајќи ѝ на Престон да забремени на 48-годишна возраст.

Траволта и Престон, кои се венчаа во 1991 година, имаа три деца: ќерката Ела, синот Бенџамин и нивното најстаро дете Џет, кое почина на 16 години откако доживеа напад додека беше на одмор на Бахамите во 2009 година.

Кели Престон почина во јули 2020 година по борба со ракот на дојка.

Освен прашањата за потеклото, изменетата тужба воведува дополнителни драматични тврдења, во кои се тврди дека Кио добил надомест –  стар Јагуар и исплата помеѓу 10.000 и 20.000 долари – во замена за наводната донација на јајце клетки.

Тужбата, исто така, се повикува на рачно напишана белешка што содржи фрази како „партнери за плодност во Калифорнија“, „Бен Траволта“ и „Кели Престон го носеше бебето“, како и на текстуална порака во која Бенџамин наводно е опишан како „прекрасен правнук“ на Присила Присли.
Во поднесокот понатаму се тврди дека наводниот договор барал одобрение од Саентолошката црква и дека Присила Присли играла надзорна улога, тврдења кои не се независно потврдени.

Крузе и Фиалко понатаму тврдат дека Локвуд се обидел да ги искористи наводните информации како лост за да преговара за спогодба во свое и во име на своите ќерки.

Во тужбата, исто така, се обвинува Навароне Гарсија дека барал споменувањата на синот на Кио и Траволта да се држат подалеку од медиумите и дека барал спогодба од повеќе милиони долари – обвинувања што тој ги негира.

Во остро формулирана изјава издадена до Дејли Меил, адвокатот што ги застапува и Гарсија и Присила Присли ја осуди изменетата тужба, опишувајќи ги новите обвинувања како ирелевантни, неетички и наменети за вршење несоодветен притисок.

Поврзани содржини